За овие 3 хороскопски знаци, oктомври ќе биде најубавиот месец годинава

Се' ќе им оди „од рака“

Овој октомври ќе биде апсолутно магичен за 3 знаци на Зодијакот, на кои ќе им се насмевне среќата како никогаш досега

Терезија

Овој месец најјака страна на сите родени во знакот на терезија ќе биде духовноста. Работите ќе ги набљудувате и анализирате многу подлабоко од она на што сте биле до сега навикнати. Ќе допрете до суштината на нештата.

Сепак, Меркур и понатаму е ретрограден и поминува низ вашиот знак се до 18 октомври, што дефинитивно ќе создава компликации во вашиот живот.

Потрудете се да не бидете толку самокритични. Бидете трпеливи и времето ќе ви покаже како всушност се чувствувате.

Скорпија

Вашата сезона започнува на 23 октомври и вие веќе ја чувствувате убавата енергија која ќе ве држи се до крај на месецот. Венера – планетата на љубовта, поминува низ вашиот знак до 7 октомври, ви праќа возбудливи вибрации и ве потсетува колку вредите.

Но запомнете: овој месец може да ви донесе и мачни чувства. Сонцето ќе се движи низ вашата 12-та куќа,  и ќе ве потсети уште еднаш на работите од кои конечно треба да се ослободите.

Стрелец

Во октомври ќе имате чувство дека сте токму вие главна звезда каде и да се појавите.

Романтичната и убава Венера ќе влезе токму во вашиот знак. Ако забележите дека луѓето во даваат комплименти повеќе од вообичаено – заблагодарете и се на Венера за тоа. Ќе бидете инспирирани да вложите малку повеќе  во вашата шминка, мода и изглед.

Овој месец вие сте најпривлечниот знак во Зодијакот.

Фото: Pexels

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.