Никој не забележал дека ова 9-годишно момче живеело само дома цели 2 години: Причината ќе ви го скрши срцето!

Трогателна приказна

Ова храбро 9-годишно момче од Франција било препуштено само на себе цели две години, откако мајка му го напуштила

Момче живеело само од 9 до 11 години, помеѓу 2020 и 2022 година, но ниту еден возрасен човек не ја забележал неговата ужасна ситуација, дури ни училиштето, каде што момчето било редовно и било познато како добар ученик.

Соседите на напуштеното дете изјавиле дека не забележале дека останало само, иако понекогаш му носеле храна. Инаку, осаменото момче најчесто јадело колачиња и ладна конзервирана храна. Ова многу издржливо момче се бањало со ладна вода и повремено земало домати од соседниот балкон за да го намали гладот. Исто така, поминувало долги временски периоди без греење и струја, па  било принудено да спие дури со три јоргани.

Неговата мајка, која имала целосно старателство над момчето, живеела во соседната општина. Оваа 39-годишна жена одвреме-навреме доаѓала да го посети својот син и да му донесе храна. Што се однесува до таткото, за него ништо не се знаело. Имено, мајката се развела од таткото, па одлучила да го напушти и станот во којшто живеела со детето.

На крајот, по многу месеци, соседите забележале дека момчето живее само и ја известиле полицијата, која ја алармирала социјалната служба.

Истакнале дека било многу тешко да се забележи дека малолетникот живеел сам, со оглед на тоа што момчето секогаш било чисто, било добар ученик, кој редовно ги исполнувал своите обврски и ги пишувал домашните задачи. Се претпоставува дека момчето изградил еден вид на штит околу себе, за да не може никој да забележи дека нешто не е во ред.

Анонимен сосед изјавил дека мајката на момчето го занемарувала и дека вршела „незамисливо вербално насилство“ над детето, прашувајќи се зошто воопшто имала дете. Судот во Ангулема ја гонел осрамотената жена поради напуштање малолетник и загрозување на неговата безбедност.

На судењето биле изнесени докази кои потврдиле дека мајката не спиела во иста куќа со својот син. Исто така, било откриено дека таа не го носела момчето во училиште, тој одел самиот и притоа успеал да ги одржи своите добри оценки.

Мајката ги негирала овие обвинувања. Меѓутоа, соседите потврдиле дека детето живеело само во станот, каде што полицијата нашла празен фрижидер и не пронашла облека на возрасна жена. Таа била осудена на 18 месеци затвор, од кои 6 ќе ги помине носејќи електронска алка за следење.

Момчето, кое сега е тинејџер, не сака да има никаков контакт со мајка му откако било сместено во старателско семејство.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.