Храбар избор или грешка: Кејти Холмс се појавила во фустан кој повеќе открива одошто покрива!
Што мислите вие?
Познатата актерка и икона на уличниот стил шокирала со фустанот што го одбрала за последниот јавен настап
Кејти Холмс важи за една од најдобро облечените актерки на светот, особено кога станува збор за лежерни комбинации. Таа претставува инспирација за секојдневно облекување, а на последното појавување на настанот каде што присуствувала во својот град Њујорк, ѕвездата и поранешна сопруга на Том Круз, облекла интересен фустан со изрези кој повеќе открива одошто покрива.
Дали овој храбар потег бил став што сакала јавно да го искаже или грешка, останува вие да одлучите. Имено, актерката отворено го покажала стомакот преполн со стрии.
Како ви се допаѓа ова издание на убавата актерка?