Нешто не штима кај љубовта меѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез: Дали ова е лице на заљубен човек?

Дали очите нè лажат?

Сè повеќе изгледа како „љубовта“ помеѓу Бен и Џенифер да е само предмет на договор

Џенифер Лопез деновиве не се симнува од насловните страници на сите медиуми. Светот зуи за обновената романса со Бен Афлек.

Како гром од ведро небо одекна веста дека Џенифер Лопез ја прекинува свршувачката и ја обновува врската со Бен Афлек.

Медиумите пишуваат дека Бен ја сакал Џен сите овие години, но барем малку да изгледаа повљубено, барем малку да ја криеја таа своја „љубов“, можеби би им поверувале.

Бидејќи, ако јавните личност сакаат да ја скријат својата приватност, тоа тие и го прават. Ако сакаат маркетинг, тогаш тие во придржуба на папараците одбираат заедничка куќа, одат во Венеција, се прегрнуваат и се бакнуваат.

Сите велат дека Џенифер Лопез изгледа вљубено, дека блеска, дека изгледа одлично… Но дали ова навистина е лице на вљубена жена или на жена што успеала да склопи добар бизнис?

Имено, нејзиниот маркетиншки тим завршил фантастична работа кога ја смирил со поранешната љубов. Сега можат да бараат облека од сите дизајнери, Џенифер ќе ја рекламира колку сака, бидејќи за неа најмногу се пишува периодов.

Кога ја облекуваат најдобрите модни креатори и ја шминкаат најталентираните мејкап-артисти, тогаш таа изгледа многу добро, толку добро што светската публика може да се излаже дека некој на 50 и кусур години повторно може да се вљуби до уши во старата љубов!

Што мислите вие?

Не се разделуваат ниту за секунда: Џенифер Лопез и Бен Афлек пристигнаа во најромантичниот италијански град!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.