Еве зошто Кејти Холмс ја нарекуваат „кралица на уличниот стил“! (ФОТО)
Повторно воодушеви со својот моден избор
Актерката има докажан рецепт за одличен и шик дневен стил, со кој е невозможно да направите модна утка!
Кејти Холмс е препознатлива по својот кежуал-стил на облекување, во кој секогаш комбинира модерни парчиња облека.
View this post on Instagram
Сите нејзини модни комбинации се соодветни за пригодите во кои ги носи, а актерката неколкупати истакна дека најдобро се чувствува во фармерки и едноставни бели патики. Токму во една слична комбинација и неодамна била фотографирана низ улиците на Њујорк, каде што живее со ќерката Сури.
Имено, Кејти неодамна прошетала во комбинација која сигурно би им се допаднала на повеќето жени, а нејзината едноставност е порака дека минимализмот секогаш е тренди.
View this post on Instagram
Актерката избра светли фармерки со рамен крој и предимензионална сина кошула со дискретни линии, која ја носела ноншалантно, со подвиткани ракави.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм