Рецепт за највкусно пикантно пилешко
Соја сос со спој на зачини го прави ова јадење уникатно и му дава заносен вкус!
Состојки за 4 лица:
- 500 гр пилешко бело месо
- 3 лажици соја сос
- 2 лажици кафеав шеќер
- 1 лажица семе од сусам
- 2 чешниња лук
- лажица рендан ѓумбир
- сол, бибер, билки, коријандер
- магдонос
- 200 гр ориз
- 300 гр брокула
Подготовка:
Пилешкото бело месо исечете го на коцки, зачинете го и оставете го да отстои најмалку половина час (за да ги впие сите мириси, месото ќе биде посочно). Загрејте тава со малку масло и додадете го пилешкото за пржење (додека не порумени од сите страни) околу осум минути. Додадете ѓумбир, сецкан лук и кафеав шеќер. По една минута, истурете го соја сосот. Гответе неколку минути додека сосот не се згусне. На крај додадете печено семе од сусам, магдонос и коријандер. Послужете со варена брокула или друг зеленчук и ориз.