Рецепт за највкусно пикантно пилешко

Соја сос со спој на зачини го прави ова јадење уникатно и му дава заносен вкус!

Состојки за 4 лица:

  • 500 гр пилешко бело месо
  • 3 лажици соја сос
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • 1 лажица семе од сусам
  • 2 чешниња лук
  • лажица рендан ѓумбир
  • сол, бибер, билки, коријандер
  • магдонос
  • 200 гр ориз
  • 300 гр брокула

Подготовка:

Пилешкото бело месо исечете го на коцки, зачинете го и оставете го да отстои најмалку половина час (за да ги впие сите мириси, месото ќе биде посочно). Загрејте тава со малку масло и додадете го пилешкото за пржење (додека не порумени од сите страни) околу осум минути. Додадете ѓумбир, сецкан лук и кафеав шеќер. По една минута, истурете го соја сосот. Гответе неколку минути додека сосот не се згусне. На крај додадете печено семе од сусам, магдонос и коријандер. Послужете со варена брокула или друг зеленчук и ориз.

Испробајте и: Невообичаено неодоливо: Брауни колачи од цвекло

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.