Невообичаено неодоливо: Брауни колачи од цвекло

Дали сте подготвени за оваа експлозија на вкус?

Иако можеби не сте навикнати на тоа, но цвеклото може да биде главната состојка и во десерт. Затоа денес решивме да ви претставиме рецепт за брауни колачи од цвекло.

Цвеклото се користело во кујните на разни нации уште од античко време, пред се затоа што покажало бројни придобивки за здравјето на луѓето.

Богато е со минерали како железо, калиум, калциум, натриум, фосфор, магнезиум, манган, јод, бакар, флуор, сулфур, бром, литиум и стронциум. Од витамини, цвеклото содржи најмногу витамин Ц, витамин Б1 и Б2, како и витамин кој многу ретко може да се најде во растителната храна, а тоа е Б12.

Поради хранливите материи, овој зеленчук го зајакнува имунитетот, ја подобрува крвната слика, го намалува воспалението, му помага на црниот дроб и работи одлично во детоксикација на организмот.

Од сето погоре, јасно е зошто е препорачливо да се консумира цвекло што почесто, а подолу откриваме како можете да го пробате во слатка верзија.

Брауни колачи од цвекло

Состојки:

  • 280 гр готвено цвекло
  • 80 гр путер
  • 200 гр црно чоколадо
  • 130 гр кафеав шеќер (може да биде и друг засладувач како стевија, кокосов шеќер)
  • 3 јајца
  • 110 гр брашно
  • 100 гр бело чоколадо

Начин на подготовка:

1. Загрејте ја рерната на 180 степени.
2. Загрејте го путерот во тава, потоа додадете го црното чоколадо и промешајте додека не се соединат состојките.
3. Ставете го свареното цвекло во блендер, додадете јајца и шеќер и парчиња бело чоколадо и изблендирајте. Потоа додадете брашно во смесата и комбинирајте.
4. Печете во рерна 30 минути.
5. Истурете мешавина од чоколадо и путер врз врелиот колач и оставете да се излади.

Испробајте и: Генијален рецепт за маринирани тиквички како идеален додаток на скарата

 

ФОТО: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.