Неуништлив цвет, успева во секоја градина и на сонце и во ладовина: Еднаш кога ќе го засадите, ќе ви трае вечно!

Најубавиот украс во дворот

Можете слободно да го заборавите – овој цвет практично се грижи сам за себе!

Кореопсис, ленок или париска убавица, важи за неуништлива билка со прекрасни жолти цветови, која ги разубавува градините од мај до септември.

Кореопсисот може да порасне речиси еден метар, па одличен избор е за порабување на патеката, за да не им го крие сонцето на другите цвеќиња, или за да пополни некој неубав дел од градината. Кога ќе се посее, многу брзо може да покрие голема површина од градината. Фантастично се комбинира со сите други цвеќиња.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Fiona (@lady_bug74)


Речиси ништо не му пречи, а не е пребирлив ни за време на садењето. Меѓутоа, ќе роди неспоредливо повеќе цветови доколку се посади на сончево место. Може да расте и во ладовина, но не толку бујно.

Задолжителен дел е од старинските градини

Кога ќе го посеете, слободно можете да го заборавите. Обично го одбираат градинарите што сакаат да постигнат подив изглед на дворот, но задолжителен дел е и од винтиџ-градините, бидејќи остава бајковит впечаток во комбинација со дрвени клупи.

Иако најчесто може да се види со жолти ливчиња, постојат и други нијанси, а особено популарен е кореопсисот со двојни цветови.

Посадете ја сега и следната година ќе имате цветен тепих: Оваа билка се размножува сама, ретко се полева, успева и во најлошата почва!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.