Роџер Федерер и Роберт Де Ниро учествуваа во видео за промовирање на туризмот во Швајцарија.
Славниот тенисер е новиот амбасадор на швајцарскиот туризам и во видеорекламата го кани славниот холивудски актер да ги помине празниците во Швајцарија.
Оскаровецот ја одбива поканата на Роџер Федерер да учествува во спотот за неговата земја.
Роџер, твојата земја е премногу совршена“, објаснува американскиот актер.
Де Ниро не се сомнева во тоа што земјата нуди недопрена природа и апсолутно прекрасни предели, но на Швајцарија ѝ недостасува „драма“ – клучен елемент на неговата глума.
Можеби да го повикаш (Том) Хенкс? – сугерира Де Ниро на крајот од видеото.
„Кого?!“, прашува Федерер.
Видео: Youtube