Фотографијата со која Ева Лонгорија ги восхити обожавателите: Црвената е нејзина боја (ФОТО)
Дали се согласувате?
Ева Лонгорија (45) успеа да ја врати витата става по која отсекогаш беше препознатлива, се’ до бременоста пред три години, кога на свет го донесе својот син.
Актерката во едно интервју откри дека за време на бременоста се здебелила над 20 килограми, кои ги симнуваше со макотрпно вежбање и диета. А резултатите се тука, во што се уверија нејзините многубројни следбеници, кога ја видоа фотографијата на која латино-дивата позира во црвени бикини. Црвената дефинитвно убаво ѝ прилега, нели?
View this post on Instagram
Ти не старееш“, „Неверојатна жена“, „Фантастично изгледаш“, се само дел од комплиментите кои ги доби таа.
Инаку, во последно време Лонгорија стана зависна од вежбањето во мини-трамболина, која ја носи секаде со себе.
Многу работам. Трчам, вежбам јога, пилатес, SoulCycle, непрекинато ги мешам вежбите“, изјави таа за магазинот „Пипл“.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм, Getty Images