Истражување: Детето треба да спие со мајката најмалку 3 години

Совети од експерти

„Ако спијат одделно, потешко се поврзуваат мајката и детето, а тоа му штети на развојот на мозокот и доведува до проблематично однесување како што расте детето“, вели д-р Нилс Бергман од Универзитетот во Кејптаун во Јужна Африка.

Овој педијатар, специјалист за перинатална невронаука и добро познат поборник за контакт од кожа на кожа помеѓу мајката и новороденчето, верува дека за оптимален развој на детето, здраво новороденче треба да спие на мајчините гради првите неколку недели од животот, а се препорачува и спиење во ист кревет до три или четири години.

Следејќи 16 новородени бебиња, Бергман открил дека оние кои биле заспиени во одделно креветче спиеле полошо од бебињата кои биле на градите на нивната мајка. Покрај тоа, следењето покажало дека срцата на бебињата кои спиеле сами биле под трипати поголем стрес отколку бебињата кои спиеле со своите мајки.

Промените во мозокот што се јавуваат како резултат на ослободување на стресни хормони може да го отежнат создавањето квалитетни врски подоцна во животот и да доведат до разни проблеми во однесувањето, рече д-р Бергман.

Некои истражувања го поврзуваат спиењето заедно со зголемен ризик од „смрт во лулката“, но Бергман вели: „Кога бебињата се гушат во лулката, тоа не е затоа што мајката била со нив. Тоа е заради други работи: токсичен чад, цигари, алкохол, големи перници и опасни играчки“.

Британската организација National Childbirth Trust поддржува заедничко спиење под услов родителите да не пушат, да пијат, да користат дрога и да не се дебели, болни или премногу уморни. Професорот Џорџ Хејкок од Здружението за истражување на смрт на новороденчиња вели дека најбезбедно место за спиење на бебе е креветчето во соба со родители.

Прочитајте и: Психологот Питерсон открил: „Кога моите деца беа мали, имавме само едно правило – вака направив луѓе од нив!“

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.