Психологот Питерсон открил: „Кога моите деца беа мали, имавме само едно правило – вака направив луѓе од нив!“

Добар совет

Фото: Guliver/Getty Images

Еве како да направите самостојни луѓе од децата

Прочитајте ја познатата изјава на клиничкиот психолог Питерсон во врска со воспитувањето деца:

„Постои едно правило до кое се обидував да се придржувам додека децата ми беа мали, а тоа гласи: Не го прави наместо детето она што тоа може да го направи само!

Ова правило, инаку, е вистинска досада, бидејќи ни требаат 15 секунди за да облечеме 2-годишно дете, но ако оставите 2-годишно дете само да се облече… тоа може да се развлече на 15 минути или половина час, ги бркате низ домот… хаос!

Но ако им дозволите да научат сами да се облекуваат, повеќе нема да морате да ги облекувате. Тие ќе научат да го прават тоа сами! Истото правете го и со поставувањето на масата, со сè што ќе процените дека децата можат да го прават сами.

Кога родителот размислува на следниов начин: ‘Толку го сакам своето дете што нема да му дозволам да се мачи и јас ќе правам сè наместо него’, таквиот родител не се грижи за своето дете. Не се грижи воопшто. Подобро е да го усвоите ставот: ‘Ќе престанам да правам што повеќе работи за тебе, најрано што може’.

Истиот принцип важи и во домовите за стари лица: не правите ништо наместо старите што тие самите не се во состојба да го направат, бидејќи со тоа им го ускратувате чувството на независност, сила, смисла. Истото е и во светот на бизнисот – доколку сте добар менаџер, ќе им дадете на другите автономија да си ја вршат работата, нема да ја завршувате наместо нив.

Доколку мислите дека ги штитите децата преземајќи сè на себе, знајте дека никого не можеме да го заштитиме – можеме само да ги зајакнеме луѓето. И тоа е тоа. Не можете да ги заштитите. Зајакнете ги и потоа тие сами ќе се чуваат. Но потоа нема да им бидете потребни!

Така е, и тоа е потсвесен патолошки елемент на некои родители. Со тоа како да порачуваат: ‘Никогаш не ме напуштај! Јас ќе правам сè наместо тебе, а ти само немој никогаш да ме напуштиш’. Тогаш детето нема да научи ништо за животот, па ни како да си замине од родителското гнездо.

За новороденчињата треба стопроцентно да се грижите, тоа и го прават мајките. Но децата и возрасните луѓе не се новороденчиња: кога ги третирате така, вие ги уништувате.“

Што мислите вие за овој став? Погледнете го и видеото на доктор Џордан Питерсон во продолжение…

Родители, претпазливост: На овие работи мора да ги научите своите деца
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.