Ова се дел од учесниците на „U&Z Influencer awards 2020“ во Entertainment категоријата
Кои девојки и момци ќе ја преземат титулата најмоќни на социјалните мрежи и кои ќе се појават на насловната страница на „Убавина и здравје“, одлучуваат вашите гласови, кои им се додаваат на оние на жирито. Поддржете ги вашите омилени инфлуенсери сега!
Главен покровител на конкурсот е „Виолета“, а ова се дел од учесниците во Entertainment категоријата, поддржана од „Кензо“.
View this post on Instagram
Дарко Влогс
Дарко Јефремов е возач на камион кој живее во САД и со својот Инстаграм профил Дарко Влогс успеа да ги освои симпатиите на огромен број луѓе во Македонија и ширум светот. Со своите многубројни објави креираше огромна фамилија на следбеници кои секојдневно будно ги следат сите хумористични содржини и корисни информации што ги споделува.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Бомбакис
Кристијан Станковски, познат како Бомбакис, со своите транспаренти пренесува важни пораки, реланост, хумор и забава низ Инстаграм светот. Себе се опишува како обичен човек од крв и месо кој сака да помогне на луѓето колку што е во негова моќ. Моментално работи на неколку проекти и како што вели, го работи тоа што го сака, а досега покрај својот забавен Инстаграм профил има и своја колекција на облека и песна со која за цел има да шири позитива.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Beautyanica
Андријана Станковска, позната на социјалните мрежи како Бјутианика, веќе 10 години работи како шминкерка, а на Интернетот е добропозната по својот талент за трансформации во познати личности и анимирани ликови. Нејзиниот Инстаграм профил е исполнет со видеа во кои го прикажува процесот на целосна промена на својот изглед со што постојано ги остава своите следбеници воодушевени.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Повеќе информации и правилата на конкурсот можете да ги прочитате тука.
Виолета омекнувачи
Виолета омекнувачите за ткаенини го претвораат вашето секојдневие во богато, долготрајно искуство на мирис и мекост.
Луксузни како допир на парфем содржат илјадници ситни честички кои нежно ги обвиткуваат влакната на вашата облека, правејќи ја сензуално мирисна и пријатно мека.
Создадени во соработка со француски парфимери, тие се повеќе од омекнувачки, создаваат совршена мешавина од мирис, свежина и мекост што трае до 16 недели.