Кралица на деловниот стил: Модни комбинации за паметење во режија на Амал Клуни!

Модна инспирација

Таа секогаш воодушевува со своите модни избори, а овој ги издвоивме нејзините најдобри есенски стајлинзи

Амал Клуни (42), сопругата на Џорџ Клуни, има истанчено чувство за мода и тоа го докажува со секое ново појавување. Нејзините модни комбинации честопати се оценувани со чиста десетка, па не е ни чудо што е инспирација за жените ширум светот.

Нејзиниот стил е класичен и женствен. Секогаш е облечена со вистинската мера на елеганција и гламур.

Освен со својата убавина и со совршените комбинации, фасцинира и со своето образование. Течно зборува англиски, арапски и француски јазик.

Била предавач на угледни школи, како што е Лондонскиот универзитет, а моментално е привремен предавач на Правниот факултет Колумбија.

Дефинитивно е жена на која треба да се угледате.

Доколку ви треба инспирација за одличен деловен стајлинг, фрлете око на нашата галерија и сигурно ќе најдете нешто што ќе ви се допадне. Доколку ископирате некој нејзин стајлинг, сигурно ќе добиете многу комплименти.

Секогаш беспрекорно стилизираната Ким Кардашијан: 10 есенски стајлинзи за паметење!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.