Вкусен ручек полн со зеленчуци: Пробајте паприкаш од рерна!

Нема да можете да му одолеете на овој паприкаш приготвен на малку поинаков начин

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 чешниња лук
  • 400 г пилешко бело месо
  • 2 средни моркови
  • 2 средни пашканати
  • 5 компири со средна големина
  • 200 г шампињони
  • 3 лажици сечкан магдонос
  • 150 мл доматен сок
  • 1 лажиче пипер
  • 1 лажица густин
  • пилешка супа по потреба
  • сол
  • масло

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, морковите и пашканатот се лупат и се сечкаат на крукчиња.

2. Компирите се лупат и се сечкаат на покрупни коцки, пилешкото месо исто така се сечка на коцки, а шампињоните на четвртинки.

3. На малку масло се пржат црвениот кромид и лукот, а потоа се додава пилешкото месо и се пржи, со постојано мешање, додека месото ја промени бојата.

4. Се ставаат морковите и пашканатот, па сето тоа заедно кратко се пржи.

5. Се додаваат компирите и шампињоните, па се зачинува по желба и кратко се динста. Смесата се става во намрсен огноотпорен сад.

6. Посебно се поврзуваат доматниот сок, густинот, пиперот и 150 мл пилешка супа, па добро се меша и се прелева преку состојките во садот. По потреба се додава уште малку супа, да пливаат состојките. Се пече во загреана рерна на 200°Ц додека месото и зеленчукот омекнат, а сосот ја добие потребната густина.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.