Зеленчукова гозба: Пробајте ѓувеч со кускус за ручек!

За 4 лица, потребно време за приготвување: 70 минути

Искористете ги зрелите плодови од сезонскиот зеленчук, комбинирајте ги со месо и со житарки, за да добиете вкусни и здрави оброци

Ѓувечот послужете го додека е топол, при мирувањето кускусот ќе се залепи и ќе поприми текстура на гриз. Пробајте!

Состојки:
  • 2 главици црвен кромид
  • 2 црвени пиперки
  • 2 моркова
  • 1 тиквичка
  • 5 пилешки карабатаци
  • 100 г кускус
  • 1 л зеленчукова супа во коцка
  • црн пипер
  • масло
  • сол

Приготвување:

1. Црвениот кромид се чисти и се сечка на коцки, црвените пиперки исто така се чистат и се сечкаат на покрупни коцки, а морковите на крукчиња. Тиквичките се лупат и се сечкаат на коцки.

2. Во поголемо тенџере на малку масло се пржи црвениот кромид, а потоа се додаваат пиперките и морковите, па сето тоа заедно кратко се пржи.

3. Се додаваат тиквичките и понатаму се динста, долевајќи по малку зеленчукова супа, десетина минути.

4. Карабатаците кратко се пржат во тава на малку масло, да поруменат. Се цедат од вишокот маснотија и се додаваат во тенџерето со зеленчукот. Динстањето продолжува додека омекне месото.

5. Потоа се посипува кускусот, се посолува и запиперува по желба, па се меша. Огноотпорен сад се намрсува и во него се става смесата од месо и зеленчук. Се прелева со супата, да пливаат состојките, и се пече во загреана рерна додека кускусот набабри и ја впие потребната течност.

Извор: Добра храна

Пробајте и: Ѓувеч од рерна
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.