Како да ги натерате луѓето да се премислат: Трик стар 350 години кој навистина функционира!

Совет на денот

Францускиот филозоф Блез Паскал го смислил најефикасниот метод што го поттикнува соговорникот да се премисли – и модерните психолози се согласуваат со него

Изгледа дека францускиот математичар, филозоф и физичар од 17 век Блез Паскал имал талент за психолошки науки. Факт е дека тој го смислил најефикасниот начин да го натерате некого да се премисли. Всушност, тој го открил тоа повеќе од три века пред психолозите воопшто да почнат да ја проучуваат оваа тема!

Еве што напишал Паскал:

„Кога сакаме да убедиме некого докажувајќи му дека греши, тогаш мораме да се придржуваме до одредени тактики. Важно е да се разбере од кој агол гледа другата личност на прашањето што се разгледува. Важно е да препознаете дека ако ги гледате работите од негов агол, тој, секако, е во право. Истовремено, ќе признаете дека навистина не сте ги разгледале сите страни на проблемот и дека ќе размислите за нив. Односно, ќе постигнете никој да не биде навреден: освен тоа, ниту една личност на светот не може да ги види апсолутно сите страни. А фактот дека е во право од свој агол, е чиста вистина.

За луѓето подобро е кога другите ги убедуваат врз основа на нивниот аргумент кој го изнесуваат пред да ги наметнат своите мисли.“

Едноставно кажано, Паскал предложил пред да кажете дека не се согласувате со некого, прво да нагласите дека тој е во право. А за да ја премислите таа личност, треба постепено да ја наведете на тоа. И тоа на таков начин што ќе има чувство дека самата таа дошла до тие нови мисли (вашите мисли).

Артур Маркман, професор по психологија на Универзитетот во Тексас, потполно се согласува со Паскал и објаснува:

„За да натерате некого да се премисли, првиот чекор е да го уверите дека тој е сосема во право. Така ќе го смирите човекот и ќе го оневозможите тврдоглавото отфрлање на аргументите. Бидејќи, ако веднаш почнете да ја убедувате другата страна дека греши, нејзината прва реакција ќе биде: ‘не сакам и нема да соработувам со тебе’. Но ако го почнете разговорот со зборовите: ‘се согласувам, твоите аргументи се многу разумни. Верувам дека никој не може со тврдењето…’ – така ќе ѝ дадете сигнал на другата страна дека може да соработува со вас. А потоа веќе можете да ги изразите своите мисли, кои многу лесно можат да влезат во глават на спротивната страна.“

Маркман нагласува: соговорникот мора да биде сигурен дека никој не го принудил да се премисли.

На крајот на краиштата, ако имате идеја, сами сте дошле до неа и се гордеете со неа, тогаш во никој случај не треба да ја отфрлите. Само неколкумина можат да кажат: „Ќе ги променам моите уверувања и ќе се потпрам на твојот авторитет“.

Со други зборови, ако сакате некого да го натерате да се премисли, искористете ја тајната на научникот Паскал, откриена пред 350 години.

Тој ги знаел тајните на човечката душа: Карл Јунг сфатил дека среќата лежи во овие 5 работи!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.