Во фокусот: 3-Д третмани за лице

За огромниот технолошки напредок во козметиката познат како козмоцеутика, кој овозможува регенерација и подмладување на кожата, зборувавме со сертифицираната лекарка, д-р Наташа Старковска Спасова од стоматолошката ординација „Никол дент“

Во козметиката постојат линии за лице и тело каде е направен квантен скок во поглед на тоа што го постигнуваат со кожата. Тука веќе не зборуваме само за нега, чистење и одржување на свежината на кожата, туку за лекување и регенерација на кожата во сите нивоа.  Линиите од програмата на АНЕСИ се високо концентрирани природни нано-комплекси, кои со нанесувањето продираат во сите слоеви на кожата, овозможувајќи им на клетките на кожата и на меѓуклеточното ткиво правилно да работат. Еве за кои линии станува збор…

АКВА ВИТАЛ

За прв пат во ерата на козметологијата постои вистинско 3Д-хидрирање со АКВА ВИТАЛ на АНЕСИ. Паралелно, на клеточно и меѓуклеточно ниво се стимулира и активира процес на детоксификација со автофаген систем на прочистување.

ДЕРМО КОНТРОЛ

За масна кожа и акни  се користи линијата ДЕРМО КОНТРОЛ, во која има посебни природни нано-комплекси кои ги лечат и дезинфицираат избивањата, го контролираат мастењето и регенерираат.

ХАРМОНИ

Сензитивната  кожа е често присутна во современото живеење, но може да се лекува со линијата ХАРМОНИ на АНЕСИ. Без додадени бои и конзерванси, таа содржи мултипотентни растителни нано-комплекси, кои ги отстрануваат црвенилото, чешањето, лупењето и проширените капилари на лицето.

ТРЕТМАНИ ЗА ПОДМЛАДУВАЊЕ

Третманите од линијата наменети за подмладување СТЕМ Ц3, ЦЕЛУЛАР3, ДНК ХРОНОЛОЏИ, ЦЕЛЕСТИАЛ, ЛУМИНОЗИТИ, УРБАН ДЕФЕНС,  се борат со сите фактори на стареење. Со помош на научно дизајнираните нано-комплекси, резултатите се видливи по само еден третман: кожата станува затегната, сјајна, изедначена и со видливо намалени брчки и флеки.

ЛУМИНОЗИТИ

За периодот по завршувањето на летото, се препорачува третманот ЛУМИНОЗИТИ кој на клеточно ниво успешно се справува со сите типови пеги и дамки, и ѝ ги враќа изедначеноста и сјајот на кожата.

Дознајте повеќе во „Никол дент“ ;Адреса: Водњанска 5/4, Скопје ; Тел: 02 3 179 870, 078 413 533

Инстаграм: nikoldent_, dr.natasha.mk

Фејсбук: Nikol Dent, dr.natasha.mk

Разговаравме со сертифицираната лекарка, д-р Наташа Старковска Спасова од стоматолошката ординација „Никол дент“

ТЕКСТ: ПР

ФОТО: ПР

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.