Торта карпати: Најкремастиот брз десерт!

Се топи во уста!

Десерт за секој ден

Состојки:
  • 4-5 јајца
  • 200 мл млеко
  • 150 г брашно
  • 50 г путер
  • кора од лимон
  • 1 прашок за печиво

За филот:

  • 2 пудинга од слатка павлака
  • 500 г млеко
  • 1 лажица шеќер
  • 100 г путер
  • 1 ванилин шеќер
Приготвување:

Во тенџере сипете 200 мл млеко, додајте коцка путер или маргарин и оставете го да зоврие. Во зовриеното млеко додајте брашно со прашок за печиво и кора од лимон и добро промешајте. Смесата мора да биде многу густа. Оставете ја да се олади, па додавајте ги јајцата едно по едно и мешајте со маталка или со миксер да се изедначи смесата и да биде мазна.

Плех со димензии 30х20 обложете го со хартија за печење и сипете половина од смесата, па распоредете ја по дното на плехот. Печете 25 минути на 200 степени. Испечете 2 кори.

Сварете пудинг со малку шеќер и оставете го да се олади. Омекнете го путерот и изматете го, па измешајте го со пудингот. Изматете го шлагот според упатствата на кесичката.

На првата кора ставете го целиот крем од пудингот и убаво израмнете, па нанесете шлаг и поклопете со втората кора. Притиснете и ставете ја во кеса, па чувајте ја во фрижидер цела ноќ за да се впие убаво.

Најбрзата и најкремастата бисквит-торта со чоколадо: Неодоливо сочна и лесна, готова за миг!
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.