Потресна исповед: „Сѐ во животот им дадов на децата, сега едвај имам да преживеам – еве како ми враќаат денес!“

Поразителна исповед

„Дали можеби не успеав да ги воспитам моите деца како што треба?“

Каков однос имате со вашите родители? Дали им помагате и колку? Сигурно ќе размислите малку повеќе за ова прашање откако ќе ја прочитате оваа поразителна исповед на една пензионерка, мајка на две деца со добра финансиски статус…

„Имам возрасен син и ќерка. Јас и сопругот за сѐ им помагавме, од учење до купување куќа за нив и чување на нивните деца.

Денес, живеам сама, сопругот почина пред неколку години.

Имам мала пензија, едвај ги покривам основните потреби. Понекогаш кога купувам лекови, буквално морам да се откажам од храна. Децата се свесни за мојата ситуација, но ниту еднаш не се понудиле да ми помогнат.

Еднаш им навестив дека би можеле да плаќаат половина од месечните сметки, бидејќи ним ќе им остане станот кога ќе умрам. Синот се преправаше дека не разбира што сум кажала, а ќерката кажа дека едвај ги плаќа сопствените трошоци.

Ниту еден од нив не оди со превоз на работа, имаат скапи автомобили. Летуваат секоја година на скапи места и во скапи хотели.

Ќерка ми секој месец купува нова облека, својата ќерка ја опсипува со пари. Детето за џепарлак добива поголем износ од мојата пензија. Кај син ми дома, сите финансии ги контролира неговата сопруга. Дури и кога би сакал да ми помогне, таа не би дозволила.

Кога сосетката гордо ми кажа дека децата ѝ плаќаат летување секоја година, ѝ носат храна и ѝ ги плаќаат сметките, бев буквално навредена. И јас го имам направено за моите деца истото што и таа. Некогаш позајмував пари од неа, но не се осмелувам повеќе, се плашам дека ќе ме праша зошто и мене децата не ми помагаат како на неа.

Јас на моите родители им помагав колку што можев. Никогаш не сум отишла кај нив со празни раце. Им помагав и физички и финансиски. Дали успеав да ги воспитам децата како што треба?

Немам никаква заштеда, бидејќи јас и сопругот не чувавме ништо, сѐ им дадовме на децата. И ете како ми вратија…“

Какви се вашите искуства? Споделете со нас во коментари!

Кога се грижите за другите и правите се’ за нив: Нема да ги одбегнете овие 3 казни!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.