Средете ги своите веѓи како професионалец

Корисни совети

Не треба да одите кај козметичар за да ги донесете веѓите до совршен изглед. Навистина, со неколку корисни трикови, тие можат да изгледаат совршени, како за нив да се погрижил професионалец.

Прв чекор: Кастрење

Покрај пинцетата, ќе ви треба и тример за успешно одржување на веѓите. Речиси е сигурно дека на сите веѓи, без разлика дали се подебели или потенки, подолги или пократки, на крајот им треба сечење или кастрење. Сепак, мора да бидете внимателни да не се соочите со катастрофа. Покрај тримерот, ќе ви треба и транспарентен гел, кој ќе ги изедначи веѓите нагоре, кон линијата на косата и слепоочниците. Кога гелот е целосно сув, со помош на тримерот отстранете ги непотребните краеви.

Втор чекор: Големо огледало 

Во овој случај, се препорачува да користите огледало со страна која зголемува, за да имате појасна слика. Веѓите носат рамнотежа и пропорција на нашето лице, затоа е неопходно тие да изгледаат еднакви.

Трет чекор: Најдете природна светлина 

Природната светлина покрај прозорецот е најдобро место за овој процес, бидејќи овозможува рамномерна светлина на лицето и со тоа го олеснува средувањето на веѓите.

Четврт чекор: Употреба на молив за веѓи

Исцртајте тенка линија по веѓите, за да ја потенцирате посакуваната форма или да овозможите полесно да видите кои влакна се вишок.

Петти чекор: Отстранување на влакната во спротивна насока

Една од најчестите грешки што ги прават девојчињата при отстранување на влакна во пределот на веѓите е да ги отстранат во погрешна насока. Ова на крајот може да доведе до прекин на ситните крвни садови од кои растат влакната, што дополнително доведува до прекин на нивниот раст во оваа област. Правилната насока е нагоре.

Прочитајте и: Како правилно да нанесете сенка за очи?

 

ФОТО: Getty Images

 

 

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.