Принц Чарлс го открил омилениот рецепт за појадок: Печени јајца во рерна на кралски начин!

Пробајте!

Печените јајца со сирење се рецепт на куќата Клеренс, која открила како да го приготвите овој мал деликатес

Принц Чарлс обожава јајца, а се зборува дека секој ден јаде варени јајца. Својата љубов кон нив ја споделил и на Твитер неделава. Куќата Клеренс објавила рецепт за печени јајца со сирење.

https://twitter.com/ClarenceHouse/status/1259468807451656193

Состојки:
  • 100 г свеж спанаќ
  • 1 шери домат
  • 35 г меко сирење со силен вкус
  • 1 јајце
  • 80 г милерам
  • 15 г рендано тврдо сирење
  • свеж босилек
Приготвување:

Премачкајте мал плех со путер. Обложете го со спанаќ, така што на средината ќе оставите мал круг. Исечете го шери доматот на четвртинки и ставете го во спанаќот. Посипете меко сирење помеѓу доматот. Додајте босилек. Посолете и зачинете со бибер.

Скршете ги јајцата во средина на спанаќот. Прелејте ги со милерам, но внимавајте белките да не ви се разлеат премногу. Одозгора посипете рендано сирење. Ставете го тоа во загреана рерна на 180 степени Целзиусови, 8-10 минути. Оставете го да се олади малку пред послужување.

Добар апетит!

Јапонска кајгана: Ова е највкусниот начин на приготвување јајца!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.