Кога се грижите за другите и правите се’ за нив: Нема да ги одбегнете овие 3 казни!

Чувајте ја вашата психа!

Ако не се грижите за себе, ќе ги почувствувате последиците

Луѓето се програмирани да се грижат. Желбата да ги заштитиме саканите е скриена во нашите гени, а природната грижа кон драгите луѓе имаат бројни позитивни ефекти, Добиваме доверба, блискост, ги усовршуваме способностите за тимска работа, учиме да се прилагодуваме…

Но што ќе се случи ако грижата за другите целосно ја потисне грижата за самите себе? Ова се трите последици што произлегуваат од запоставувањето на сопствените потреби…

1. Намалена способност за емпатија

Станува збор за емоционална исцрпеност што се јавува поради исповедите на туѓите луѓе и нивните страдања. Науката докажала дека самото набљудување на туѓите проблеми може да предизвика голем стрес, кој буквално се вовлекува во мозокот на набљудувачот и на крајот и тој самиот почнува да чувствува шок, беспомошност и безизлез, иако тој настан не влијае врз неговиот живот.

Ако не преземате ништо за да се заштитите себеси, со текот на времето ќе ви се промени погледот кон светот, нема да можете да ги контролирате емоциите, ќе ви ослабат когнитивните способности и ќе имате проблем со спиењето. Со текот на времето може да ви се развие и чувство на напуштеност.

2. Секундарна траума

Кога премногу се грижиме за другите, практично стануваме инфицирани од нивниот стрес, но уште полошо е кога несвесно ја преземаме туѓата болка. Секундарната траума е психолошка последица предизвикана од мешањето во туѓите проблеми и тешки искуства. Секако дека се мешаме со најдобри намери, а не забележуваме дека тоа постепено ни ја намалува емпатијата и поради туѓите искуство почнуваме да страдаме од ноќни мори, претерана анксиозност, претерани грижи… Додека се грижиме за блиските и нивните емоционални рани, грижата за себе и за сопственото ментално здравје е подеднакво важна.

3. Прегорување

Понекогаш не се грижиме само за луѓето, туку и за нештата, како на пример за работата. И тоа повеќе одошто за сопственото здравје! Со текот на времето, стресот од претераните грижи доведува до прегорување. Во таквите моменти ни станува тешко на работа, но и генерално во животот. Не сме задоволни со ништо и чувството дека се’ е во ред, почнува да исчезнува.

Сето ова може да се избегне ако почнете навреме да се грижите за себе. Мора дел од енергија што ја насочувате кон другите да ја насочите и кон себе. Обрнете внимание на своите потреби. Секако дека не треба да престанете да се грижите за блиските луѓе. Само треба да се ставите себеси на прво место, а сите останати на второ, трето…

ФОТО: Pixabay

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.