Совршен тајминг: Ако вежбате во овој период од денот, најбрзо ќе се ослободите од вишокот килограми!

Извлечете го максимумот од тренингот

Фитнес-експертите велат дека шансите да ослабите се зголемуваат, ако редовно тренирате во овој период

Можеби нема да ви се допадне или на почеток ќе ви треба малку мотивација за да се покренете, но експертите тврдат дека идеално време за вежбање е веднаш по будењето.

Пред оброкот и кафето, би требало да се упатите право на тренинг за да имате видливи резултати побрзо, но и за да ги наполните батериите за претстојните активности уште на самиот почеток на денот.

Еве зошто утрото е вистинското време за вежбање:

  • Вежбањето ќе ве измори и ќе ви ја зголеми потребата за појадок, а истражувањата покажале дека појадувањето ги инспирира луѓето да донесуваат подобри одлуки во текот на денот.
  • Постои поголема веројатност дека по тренингот ќе сакате да јадете здрава храна во текот на денот.
  • Ќе согорите 20% повеќе маснотии одошто кога би вежбале во некој друг период од денот.
  • Со потењето ќе ги исфрлите сите отрови од организмот, уште рано наутро.
  • Ќе го забрзате метаболизмот, а метаболизмот што работи побрзи, троши повеќе маснотии и доведува до повито тело.
  • Ќе имате цел ден за уживање, бидејќи напорниот тренинг сте го завршиле веднаш на почетокот на денот.
  • Ќе имате подобар и поквалитетен тренинг од оној на крајот од денот, бидејќи наутро имате најмногу енергија.
  • Нивото на стрес ќе ви биде помало во текот на денот, поради количината на ендорфин што сте ја ослободиле со вежбање.
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.