Актерката има деца и татко болен од леукемија, но гајле и’ е за короната: „Подрага ми е слободата од животот!“

Ја разбеснила јавноста

Децата ги испратила во спортски камп и работи како и обично

Актерката Еванџелин Лили (40) има деца и болен татко, но упорно одбива да се самоизолира и продолжува со животните активности како ништо да не се случува.

Таа, откако ги оставила децата на нивните редовни активности, објавила фотографија на Инстаграм и напишала:

„Работа, како и обично. Само што ги оставив децата во спортски камп. Измија раце пред да влезат. Се смеат и си играат, се’ е како и обично“, пишува во нејзината објава.

https://www.instagram.com/p/B9zT034AEBi/

По осудите во коментарите на кои наишол нејзиниот пост, Лили додала дека таа живее со татко кој е во четвртиот стадиум на леукемија, што само ја влошило сликата за нејзината постапка и одбивањето самоизолација.

Актерката при одговарањето на коментарите додала и дека смета дека мерките во Америка се претерани и дека потсетуваат на полициски час, а сето тоа поради респираторна инфекција.

Што мислите вие за постапката на актерката?

Немојте да бидете како нив! Прочитајте кои се 10-те најлоши типови луѓе за време на пандемија на коронавирус.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.