Викенд-хороскоп: Откријте што ве очекува!

Предвидувања на астролозите

За некои знаци ќе биде целосен погодок, а за некои тотална утка! Дознајте каков викенд ве очекува и обидете се да се одморите и окрепите добро!

Овен

Не реагирајте непромислено и не дозволувајте вашите колеги да ве вовлечат во трачеви. Засега, се наоѓате во улога на набљудувач. Можете да планирате нови проекти, а од ден на ден се’ повеќе се сложуваат коцките кои вам ви одговараат. Средете ги сите административни работи, а до крајот на викенот ве очекува непланирана финанска добивка.

Бик

Oвој викенд би можело да дојде до одредена промена во вашиот дом. Тоа е позитивно, иако сте оптоварени со случувањата во светот. Некој би можел да се всели или исели. Веројатно би требало да направите некакво преуредување за се’ да биде како што треба. Намалете ја нервозата.

Близнаци

Што и да правите, најдобро ќе го правите ако има до вас и некој друг. Споделете дел од обврските со друга личност и побрзо ќе се ослободите од товарот. Време е да заборавите на калоричната храна во која уживавте за време на зимата и да го наполните фрижидерот со здрава и свежа храна. Потрудете се да ги воочите слабостите и да ги контролирате.

Рак

Овие два дена се среќни за вас и за оние кои ве познаваат. Речиси се’ што ќе почнете, успешно ќе завршувате. Внимавајте, некои злобни луѓе кои ви завидуваат да не ви го украдат она кое вам ви припаѓа. Бидете сигурни во она што навистина го имате. Внимавајте на финансиите, премногу непланирано трошите, а времињата се тешки.

Лав

Може да одлучите да и’ се посветите на работата многу повеќе од вообичаено и да работите дома. Тоа нема да биде нешто посебно туку обично средување на документите, кои сепак, некогаш мора да се средат. На крајот од викендот ќе бидете задоволни од постигнатото. Ако по завршувањето на оваа обврска немате повеќе обврски, ќе имате многу време за работите кои ве интересираат вас.

Девица

Колку и да се надевате и да посакувате нешто да се случи, постои голема веројатност дека ќе се случи нешто сосема друго. Викендов помалку планирајте за да не се разочарувате ако работите не испаднат онака како што сакате. Покажете флексибилност и способност за приспособување кон новонастанатите ситуации.

Текстот продолжува на следната страница…

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.