Викенд-хороскоп: Откријте што ве очекува!

Предвидувања на астролозите

Терезија

Ќе се насочите во различни правци, а личната слобода ќе ви биде главна визија, додека зборовите би можеле да бидат вашето најсилно оружје. Не грижете се, прифатете ги работите онакви какви што се и почнете да усвојувате нови навики. Размислувајте на креативен начин. Немате многу среќа со тоа што се случува на финансиски план, затоа задоволете се со тоа што го имате.

Скорпија

Ќе ви се зголеми желбата за патување, но бидејќи тоа е речиси невозможно, ќе му се препуштитена планирањето за некои подобри времиња. Со тоа значително ќе ви се подобри расположението и ќе бидете како зрак светлина каде и да се појавите. Движете се на места каде што нема многу луѓе и  избегнувајте склучување нови познанства.

Стрелец

Внимавајте на пријателствата. Исто така и на партнерот, кој е избезумен од вашето однесување. Се наоѓате пред важна одлука. Потрудете се повеќе да бидете во друштво на домашните. Бидете внимателни, бидејќи претерувате кога ќе почувствувате дека имате повеќе пари. Време е за штедење.

Јарец

Уметнички сте ориентирани. Потрудете се да се докажете во работата, иако ја работите од дома. Оние кои не преземаат ништо најдобро е да внимаваат што зборуваат. Почнете да размислувате за промена на професијата. Најдобро од се’ е тоа што сте свесни за своите способности. Викендов искористете го максимално за одмор.

Водолија

Избегнувајте расправии, бидејќи нешто може да тргне во погрешен правец. Работете го само она што ве мотивира. Парите ви се на прво место, така што би прифатиле работа која не ве интересира. Рационалноста е изразена и тоа е добро, но морате да се свртите кон сопствените проблеми. Одработете си ги своите работни обврски зашто наскоро би можеле да се најдете во голем хаос.

Риби

Ќе бидете експерти за хармонична комуникација и убедување. Никој нема да може да ви каже „не“, па искористете го тоа најдобро што можете. Ќе бидете „душата“ на семејството и викендот ќе го поминете со саканите луѓе. Добра идеја, нели! Сепак, прошетајте се во природа.

Текст: Н. Човиновска

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.