Сонцето влегува во знакот Овен: Ова ќе биде најзначајниот период во животот за овие 3 хороскопски знаци!

Астро-прогноза

Овие три знака може да се радуваат во периодот од 10 март до 19 април

Ѕвездата на виталноста и животната енергија на 20 март влегува во знакот Овен, па така, припадниците на овој знак ќе почувствуваат значајно подобрување. Покрај него, уште 2 хороскопски знаци ќе го почувствуваат влијанието на Сонцето.

Од периодот во кој владеењето на Рибите беше доминантно, преминуваме во период кој го предводи Овенот и кој се карактеризира со зголемено ниво на енергија на сите полиња.

Овните, Стрелците и Лавовите најмногу ќе го почувствуваат ова влијание.

Доколку сте Овен, само што си помисливте дека Сонцето во Риби ве заспа и дека ништо не може да ве покрене на акција, одеднаш ќе се случи пресврт. Со доаѓањето на пролетта, Сонцето влегува во вашиот знак, што наговестува дека ќе станете посигурни, поодлучни и поенергични. Ќе ве нервира се’ што е бавно и многу побрзо ќе ги завршувате своите обврски. Ќе станете емоционално поотворени и поподготвени за почеток на нешто ново. Повторно ќе почувствувате враќање на самодовербата, што ќе ви разреши бројни професионални дилеми.

Доколку сте Лав, а по природа вашата планета е Сонцето, тоа значи дека неговото влегување во Овенот за вас претставува повеќе учење, контакти со странство, но и завршување на судски спорови. Младите Лавови во наредниот месец ќе имаат успех кога станува збор за образованието, а преостанатите ќе сфатат дека не би било лошо да го усовршат тоа што моментално го прават. Доколку имате законски работи што мора да ги решавате, Сонцето во Овен поволно ќе влијае врз резултатите од правните проблеми. Ова е одличен период за донесување нови деловни одлуки, бидејќи се’ што ќе си замислите, ќе ви поаѓа од рака.

Ако сте Стрелец, подготвени сте за акција. Од една поповлечена фаза влегувате во фаза на пролетно будење. Ви се враќа енергијата, па ќе бидете подоминантни во односите со луѓето кои ви значат. Доколку сте имале проблеми со здравјето додека Сонцето беше во знакот Риби, треба да знаете дека од 20 март ќе бидете во далеку подобра форма. Не би било лошо да се активирате и да почнете поздраво да живеете.

Сонцето ќе биде во знакот Овен до 19 април, кога ќе влезе во знакот Бик.

Дознајте и дали сте меѓу трите хороскопски знаци што имаат најдобри души!

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.