Принцот Хари сакал да се пресели во Африка и да биде туристички водич

Каков човек е всушност неговото височество

Новинарката Ребека Инглиш, која се дружела со принцот Хари за време на основањето на неговото хуманитарно здружение, за медиумите откри детали од нивниот однос и раскажа каков човек е всушност неговото височество.

 

Седев покрај тремот на кој се градеше школото за деца болни од сида, чија градба беше финансирана од здружението. Пишував, а потоа почувствував дека некој гледа во екраот од лаптопот. Тоа беше принцот Хари. Ми рече дека сака да види што пишувам и дека отсекогаш го интересирало што мислат луѓето за него“, ја почнала својата приказна новинарката.

Често разговаравме. Хари никогаш не го носел со леснотија товарот на своето потекло. Отсекогаш сакал да биде нормално момче. Ми призна, во неколку наврати, дека сака да замине од сето тоа. Тогаш се’ уште ја немаше запознаено сопругата и зборуваше дека би сакал да се пресели во Африка и да биде туристички водич“, открила таа.

Новинарката открила дека во една пригода, таа и Хари заедно отишле во посета на една полница во Непал, каде што имало деца со тешки изгореници. Цело време разговарале за децата, а таа никогаш не му кажала дека една година буквално поминала во болниците заради својот болен син.

Се изненадила кога добила негов повик кога се вратила во Лондон. Неговите чувари му раскажале зошто таа морала порано да си замине дома.

Ми се јави и ми рече дека сум била неверојатно професионална со оглед на мојата животна ситуација. Ми рече дека сум била неверојатна со децата и дека сум му во мислите“, раскажала новинарката.

Ребека раскажа дека неколку месеци по нивниот разговор Хари ја запознал денешната сопруга и дека повеќе никогаш не се слушнале.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.