Се шушка дека Меган Маркл е бремена: Сигнали што откриваат дека ново кралско бебе е на пат!

Дознајте повеќе

Меган Маркл го прескокнала крунисувањето на кралот Чарлс Трети, а сите мислат дека најверојатно причината е нејзината бременост

Кога ги напуштија кралските должности пред три години и започнаа нов живот во САД, принцот Хари и Меган Маркл како една од причините ја навеле желбата за приватност.

Меѓутоа, интересот за една од најскандалозните двојки не стивнува, па откако се појавија сомнежи дека Меган Маркл е бремени, сите очи повторно се вперени во овој брачен пар.

Имено, Меган и Хари неодамна вечерале во суши бар кој се наоѓа во близина на нивната куќа во Монтесити во Калифорнија. Принцот бил многу расположен, исто како и војвотката, која носела прекрасен модел на пролетен фустан, во комбинација со рамни влечки и шик елегантна чанта.

Шпекулациите дека Меган Маркл е бремена започнале во моментот кога за време на крунисувањето на кралот Чарлс, наместо во Велика Британија, таа била на пешачење со пријателите, во издание што го нагласувало нејзиниот стомак. Додека некои сметаат дека станува збор за појас за слабеење, други мислат дека сопругата на принцот Хари повторно е бремена.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by TMZ (@tmz_tv)

Бременоста би можела да биде причината поради која Меган неодамна го пропуштила крунисувањето на Чарлс Трети и кралицата Камила, иако на сите им е познато дека за време на првата бременоста патувала со авион.

Познатата двојка сè уште ги нема потврдено овие гласини, но ги нема ни демантирано. Можеби одењето во суши бар е еден нивен вид на демант, бидејќи се верува дека трудниците не смеат да јадат сирова риба. Останува да почекаме и да видиме…

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.