Поради фотографиите од трудничкиот стомак, Кортни е цел на негативни коментари: „Нема шанси Тревис да не знаел!“

Следбениците ја распнаа на крст!

Во петокот Кортни Кардашијан (44) ја изненади јавноста кога со транспарент на кој пишуваше: „Тревис, бремена сум!“ му соопшти на сопругот Тревис Баркер (47) дека ќе станат родители, 10 месеци откако парот официјално се откажа од инвитро-постапката.

По повод интернационалниот Ден на татковците, на својот инстаграм-профил, најстарата сестра на кланот Кардашијан објави неколку фотографии на кои трудничкиот стомак јасно ѝ се наѕира, така што тоа налути дел од нејзините следбеници. Имено, многумина коментираат дека нема шанси тапанарот да не знаел дека ќе стане татко, заради тоа што нејзиниот стомак е значително поголем.

На фотографиите се гледа како Тревис ѝ го бакнува трудничкиот стомак, го допира со палици и како таа го пишува транспарентот што го држеше во публиката.

Погледнете ѝ го стомакот – сакаш да ми кажеш дека тој не знаел дека таа е бремена?“ , „Нема шанси тој да не знаел претходно дека жена му е бремена, изгледа како да е во четврти месец“, „Значи нѐ излажа? Тоа беше само евтин маркетинг трик, како да веруваме дека Тревис не знаел дека си бремена“ – стои во дел од коментарите до фотографиите.

По големиот број коментари на социјалните мрежи се огласи и бившата сопруга на Тревис, Шана Моаклер, која рече дека е мошне возбудена за Тревис и Кортни.

„Знаев уште пред неколку недели, ова не е ништо ново за мене“ – напиша таа во одговор на коментарите и со тоа потврди дека парот знаел за убавите вести, но криел од јавноста.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shanna Moakler (@shannamoakler)

Фото: Инстаграм

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.