22-минутната епизода ГИ УНИШТИ МЕГАН МАРКЛ И ПРИНЦОТ ХАРИ: Вакво понижување не можеле ни да сонуваат и сега ЦЕЛИОТ СВЕТ ИМ СЕ СМЕЕ (ВИДЕО)

Што мислите вие?

Фото: Getty Images

Американскиот сатиричен анимиран ситком „Саут парк“ во последната емитувана епизода во средата навечер се пошегува на сметка на Меган Маркл и принцот Хари.

Имено, во серијата „Принцезата и принцот од Канада“, која е реплика на славниот пар, иако упорно ги провоцираат медиумите и јавноста, сепак инсистираат на приватност, и одат дотаму што ја започнуваат својата светска турнеја на приватност.

Принцот и принцезата од Канада, кои се повеќе од очигледно инспирирани од Меган Маркл и принцот Хари, во South Park ја промовираат книгата наречена Waagh, чија корица е идентична со популарните мемоарина принцот Spare.

Кралскиот пар во серијата упаѓа за време на програмата во живо со транспаренти „сакаме приватност“. Потоа парот се преселува во „Саут парк“ и принцезата од Канада изјавува: „Ако се вдомиме тука, луѓето ќе помислат дека навистина сакаме да бидеме нормални“.

За време на епизодата, принцот и принцезата од Канада организираат гласни „приватни забави“, паркираат пред куќата во приватен авион, одат на погребот на кралицата (инспириран од смртта на Елизабета Втора), додека остатокот од кралското семејство ги „поздравува“ негодувајќи во црква заради „плукање по канадската монархија“, и заминуваат на „турнеја на приватноста“…

Епизодата наиде само на позитивни реакции кај публиката, особено во Велика Британија, бидејќи сатиричниот осврт на однесувањето на Меган Маркл и принцот Хари во медиумите, особено по инсистирањето дека сакаат да бидат оставени на мира, се покажа како манипулација со јавноста.

Видео: Youtube

Фото: Getty Images

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.