СКАНДАЛИТЕ НИШТО НЕ Ѝ МОЖАТ: Меган Маркл по подолго време се појави во јавноста и сите велат дека изгледа најдобро досега (ФОТО)

Многумина тврдат дека ништо не може да ѝ ја наруши убавината

По двомесечната пауза од појавувањето во медиумите Меган Маркл конечно се појави во јавноста на папарацо-сликите објавени на Инстаграм.

Судејќи според новите фотографии, Меган не е премногу вознемирена поради скандалите во приватниот живот, посебно од епизодата на Саут Парк, или, едноставно, за неа важи изреката: „Најдобро изгледам кога најлошо се чувствувам!

Дали е така, проценете сами:

„Убава“, „Не можам да ѝ се изнагледам колку е убава“, коментираат на Инстаграм.

На сликата можете да ги видите и деталите за нејзиниот стајлинг – фармерки, едноставна бела кошула и прекрасен беж капут, сите овие парчиња облека им припаѓаат на модните класици.

Фото: Instagram/msmeghanmarkle

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.