Милион фунти за венчавка: Бившата на Абрамович се омажи со грчки сопственик на бродови

Гламур и сјај

Бившата сопруга на Роман Абрамович, Даша Жукова (38), се омажи за грчкиот сопственик на бродови Ставрос Ниархо III (34).

Луксузната венчавка ја направија на ски-центарот Сент Мориц пред повеќе од 300 гости. Младенците се венчаа во октомври минатата година, на интимна церемонија во Париз.

За свадбената прослава во популарниот ски-центар потрошија околу милиони фунти.

ФОТО: DIMITRIOS KAMBOURIS/GETTY

Целата венчавка била испланирана до последниот детаљ. На венчавката, помеѓу другите, пристигнаа и Деј Бекам, Давид Гефен, Карли Клос и нејзиниот сопруг Џош Кушнер, Дијана вон Фурстенберг, Џенифер Мејер и други познати џетсетери.

Даша со сегашниот сопруг била во пријателски односи неколку години, а романсата ја почнале неколку месеци по нејзиниот развод од Абрамович. Со рускиот милијардер и претседателот на фудбалскиот клуб Челзи, беше десет години. Со него има и две деца, синот Арон Александер и ќерката Леа Лоу.

Веста за разодот во медиумите одекна во август 2017 година, кога Абрамович потврди дека нивната врска завршила.

По десет заеднички години донесовме тешка одлука. Се разделуваме, но сепак ќе останеме блиски пријатели, родители и партнери на некои проекти кои ги развивавме заедно. Со заеднички сили ќе ги одгледаме нашите две деца. Ќе работиме како коосновачи на Музејот на современа уметност во Москва и културниот центар New Holland Island во Санкт Петерсбург“, напишал Абрамович.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.