Оваа пита ќе ги задоволи вкусовите на сите гурмани
Состојки:
За тестото:
- 400 г бело брашно
- 2 средни компира
- 20 г свеж квасец
- 200 мл млеко
- 1 лажиче шеќер
- 2 лажици масло
- сол
За полнење:
- 400 мл павлака
- 3 чешниња лук
- 2 главици црвен кромид
- 250 г колбаси
- 250 г трапист
- 1 црвена пиперка
- сол
Приготвување:
Тестото:
1. Компирот се лупи и се сече на коцки, па се вари во солена вода. Потоасе цеди од вишокот течност и се пасира.
2. Се соединуваат 100 мл млако млеко, со шеќер, лажица бело брашно и издробен квасец. Добро се меша и се остава на топло да нарасне.
3. Во сад се соединува половина од белото брашно, нараснатиот квасец, пасираниот компир и малку сол по желба.
4. Постепено се додава преостанатото бело брашно и се меси додека тестото почне да се одвојува од работна садот. Замесеното тесто се премачкува со масло и се остава да нарасне.
Полнењето:
1. Црвениот кромид и пиперката се чистат и се сечат на крукчиња, колбасите на листови, лукот се пасира, а трапистот крупно се ренда.
2. Павлаката се соединува солукот и се зачинува по желба.
Финална постапка:
1. Нараснатото тесто се премесува и се префрла во намрсен плех. Со раце се истенчува да се прекрие површината на плехот.
2. Преку тестото се премачкува филот од павлака и лук. Одозгора се распоредуваат листовите колбаси и се посипуваат со црвениоткромид, пиперката и сирењето.
3. Се пече во загреана рерна на 200°Ц, додека поруменат коричките тесто.
Извор: Добра храна