Скандал на доделувањето „Златни глобуси“ во Лос Анџелес: Комичарот со брутални зборови им се обратил на холивудските ѕвезди! (ВИДЕО)

Се’ им кажал во лице!

Водителот на годинешната престижна манифестација, што ги наградува најдобрите од светот на филмот и телевизијата, не ги штедел актерите и режисерите

77-то доделување на наградите „златен глобус“ се одржало во недела вечер во Лос Анџелес, а комичарот Рики Џервејз, кој петти пат се нашол во улога на водител, со воведниот говор го „исплукал“ цел Холивуд.

Имено, тој на самиот почеток на говорот рекол дека ова му е последен пат да го води доделувањето на наградите и дека многу му е гајле што ќе мислат луѓето за него. Потоа им забранил на актерите и режисерите да држат политички говори, бидејќи, како што вели, немаат право на тоа.

„Ако денес освоите награда, немојте да го користите тоа како платформа за политички говор. Вие работите за компании како ’Епл’, ’Амазон’, ’Дизни’… Кога исламската држава би покренала интернет-продукција, веднаш би му се јавиле на својот агент, зар не? Вие не сте во позиција да и’ држите лекција на јавноста, во врска со што било. Вие не знаете ништо за реалниот живот, повеќето од вас поминале помалку време на училиште отколку Грета Тунберг“, рекол и додал:

„Да заклучиме: земете си ја вашата наградичка, заблагодарете му се на вашиот агент и вашиот бог и оде**те!

Потоа, директно го „поткачил“ и холивудскиот актер Леонардо Ди Каприо, велејќи дека филмот во кој игра главна улога „Си беше еднаш во Холивуд“ е толку долг што неговата партнерка со која дошол на премиерата станала премногу стара за него кога завршил филмот.

„Дај човеку, имаш речиси 50 години!“, го прекорил Џервејз поради тоа што и понатаму одбира значително помлади девојки за врска.

Познатиот британски комичар се свртел и кон самото доделување награди, велејќи дека е здодевно и потполно бесмислено и дека тешко ќе издржи три часа, колку што трае.

https://www.youtube.com/watch?v=o2y99o99GTg

Прочитајте и
1 коментар
  1. Мице вели

    Зошто скандал?! Затоа што им ја плесна вистината во лице?

Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.