Богат и хранлив ручек: Полнето месо во лиснато тесто

Вкусно!

Пробајте пилешко месо во малку поинаква варијанта

Состојки:
  • 1 поголемо или 2 помали пилешки бели меса
  • 300 г урда
  • 1 врзоп блитва
  • 1 чешне лук
  • 500 г лиснато тесто
  • 1 јајце
  • масло
  • лен
  • сол
Приготвување:

1. Блитвата се чисти и се сече на покрупни парчиња. Кратко се пропржува на врело масло со пасираниот лук и се посолува по желба.

2. Оладената блитва се соединува со урдата и се промешува.

3. Пилешкото месо се сече на четири шницли и се истенчуваат со толчник преку најлонско ќесе. На половина од секоја шницла се нанесува малку од филот од блитва и урда, па се поклопува со празната половина. Краевите се истенчуваат да се залепат.

4. Полнетото пилешко месо кратко се пропржува на врело масло да порумени од двете страни, а потоа се цеди од маснотијата и се остава да се олади.

5. Лиснатото тесто се сука со сукало и се дели на четири дела. Прженото пилешко месо се обложува со лиснатото тесто, а вишокот краеви се отстрануваат. Преостанатото тесто се користи за декорација.

6. Пилешкото месо во тесто се реди во плех за печење, кој претходно се обложува со хартија за печење. Се премачкува со изматено јајце и се посипува со лен. Се пече во загреана рерна на 200°Ц додека порумени.

Извор: Добра храна

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.