Цеца Ражнатовиќ првпат се огласи за детали од венчавката на нејзиниот син: „Од каде тие дезинформации?!“
Станува збор за медиумски нагаѓања
Свадбата на синот на мегапопуларната пејачка Цеца Ражнатовиќ, младиот боксер Вељко и неговата избраница Богдана Родиќ е закажана за 24 ноември во српската престолнина, па за неа со недели се пишува надолго и нашироко, а популарната пејачка првпат се огласи по повод деталите врзани за овој весел момент во нејзиното семејство.
Пејачката откри дека Вељко во недела ќе ја слави ергенската вечер, а истакна дека во еден ден ќе се одржат црковната венчавка и склучувањето на граѓанскиот брак.
Истиот ден ќе биде и венчавката во црква и големата забава во хотел Хајат, така што мислам дека ќе имаме многу убав ден. Ќе ги испочитуваме сите традиционални обичаи, купување на невестата, се’ ќе биде во еден ден, и црковното и граѓанското венчавање“, раскажува Цецаи открива дали нејзината снаа Богдана навистина ќе се омажи во нејзината венчаница, како и дали нејзиниот наследник Вељко ќе ја носи војничката униформа на неговиот покоен татко Жељко Ражнатовиќ Аркан.
Не ми е јасно од каде информациите дека Богдана ќе ја носи мојата венчаница?! Пишуваат и дека Вељко ќе ја носи униформата, што е исто така дезинформација. Јас немам дадено изјави по овој повод, станува збор за нагаѓања затоа што е медиумски интересно, но сепак настојувам најголемиот дел да остане во кругот на семејството. Знам дека сме медиумски експонирани, но нешто чуваме и за себе“, заклучи Цеца Ражнатовиќ.
View this post on Instagram
Фото: Инстаграм