Принцот Хари ја крена Британија на нозе: Поднесе тужби против овие таблоиди поради хакирање на мобилниот телефон

Војводите од Сасекс завојуваа со британските медиуми

Фото: Getty Images

Меган Маркл и принцот Хари од ден во ден и’ го привлекуваат вниманието на јавноста со нови скандали.

Откако неодамна објави долга изјава во која зборува дека неговата сопруга Меган е една од жртвите на британските медиуми, Хари поднесе тужба против сопствениците на британските таблоиди The Sun и Daily Mirror, и тоа поради наводно хакирање на мобилниот телефон.

Веста е потврдена и од Бакингемската палата, пишува „Би-би-си“. Тужбата на принцот Хари се однесува на наводно преслушување на гласовните пораки. Кралскиот дописник на „Би-би-си“ Џони Дајмонд тврди дека тужбата се однесува на случај од раните 2000. години.

Оваа тужба е поднесена само неколку дена откако Меган поднесе посебна тужба против таблоидот Daily Mail поради објавувањето на приватното писмо упатено до нејзиниот татко без нејзина дозвола, пренесуваат странските медиуми.

Фото: Guliver/Getty Images

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.