Мајли Сајрус сега се бакнува својот долгогодишен „пријател“?!

Не знае „каде тера“

Пејачката Мајли Сајрус изминатово лето се најде на „столбот на срамот“ поради наводното изневерување на тогашниот сопруг Лијам Хемсворт, откако беше фатена како се бакнува на јахтата на езерото Комо со блогерката Кејтлин Картер.  Иако Мајли ги демантира наводите за неверството, сепак во јавноста остана „жигосана“ како прељубничка. Меѓутоа, и оваа врска не траеше долго…

Според изјавите на добро упатените извори, контроверзната пејачка ја раскинала љубовната врска со Кејтлин, но останала во пријателски односи со неа. А судејќи според написите во американските медиуми, сега е во врска со својот долгогодишен пријател и бивши дечко на манекенката Џиџи Хадид, пејачот Коди Симпсон, со кого е „уловена“ како се бакнува во еден ресторан.

Двојката случајно била забележана од гостите во ресторанот, кои ја снимија, а видеоснимката ја објавија на социјалните мрежи.

Подоцна и самиот Коди на својот инстаграм-профил објави фотографија од споменатиот ресторан на која е облечен идентично како и на видеоснимката.

Инаку, музичарите се блиски пријатели, а пејачот во интервју пред три години изјави дека таа му е „најдобрата пријателка“.

Фото: Инстаграм, Guliver/Getty Images
Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.