Ова е „списокот“ на славните убавици кои беа во љубовна врска со Бредли Купер (ФОТО)

И покрај должината на листата, сепак ја нема „официјалната“ титула на холивудски заводник

Во последно време доста се пишува за љубовниот живот на популарниот холивудски актер Бредли Купер, особено по наводната афера со Леди Гага и раскинувањето на манекенката Ирина Шајк, но освен со овие две дами, Бредли беше во љубовна врска со уште многу славни убавици. Иако нема „официјална“ репутација на голем заводник, сепак „сакал“ доста познати дами…

Негова прва голема љубов беше актерката Џенифер Еспозито, со која беше во врска во 2006 година. По една година, двојката се венча, но се разведе само четири месеци по разменувањето на венчалните завети.

Следна убавица на неговата листа е Изабела Брустер, со која беше во врска во 2008 година. Таа е агентка за кастинг, а се запознале на една проба. Заедно беа една година, по што се разделија останувајќи во пријателски односи. Поради тајноста на врската, не се објавени нивни заеднички фотографии во јавноста.

Кога во 2009 година раскина со Изабела, не помина многу и Бредли си најде нова девојка. Па така ја запозна Рене Зелвегер на сетот на филмот Case 39,  и почна љубовна врска со неа. Оскаровката и Бредли беа заедно околу две години, а во 2011 година објавија дека раскинале поради распоредот на снимањата, кој не им дозволувал да поминуваат доста време заедно.

Утеха побара во прегратките на славната Џенифер Лопез, со која беше во врска само неколку месеци, а во една пригода самиот изјави дека веднаш било јасно дека „работата нема да заживее“.

Во 2011 година, доста турбуленции се случија во животот на славниот актер. Тогаш се вљуби и во актерката Зое Салдана, со која беше во врска подолго од една година.

А потоа одлучи да си ја проба среќата со манекенките и заплови во романса со Британката Суки Вотерхаус во 2013 година. Меѓутоа, големата разлика во годините придонесе да се разделат. Имено, Бредли сакал да се жени, а таа сметала дека е премлада за тој чекор.

Кога беа во врска, тој имаше 40 години, а таа 23, па по 2-годишната љубовна врска одлучија секој да продолжи по својот пат – одвоено!

Последната во низата на Бредлиевите девојки беше манекенката Ирина Шајк, со која се раздели оваа година. Заедно имаат и ќерка, а многумина ги сметаа за една од најубавите холивудски двојки.

По оваа приказна, светот го разбранува трачот за неговата афера со Леди Гага. Иако и двајцата тврдат дека се само добри пријатели, никој не им поверува во приказната.

Сега Бредли го поврзуваат со актерката Џенифер Гарнер, негова долгогодишна пријателка, а дали се шушкањата за нивната романса вистинити или не, времето ќе покаже.

Фото: Guliver/Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.