Принцот Хари ја крена Британија на нозе: Поднесе тужби против овие таблоиди поради хакирање на мобилниот телефон
Војводите од Сасекс завојуваа со британските медиуми
Меган Маркл и принцот Хари од ден во ден и’ го привлекуваат вниманието на јавноста со нови скандали.
Откако неодамна објави долга изјава во која зборува дека неговата сопруга Меган е една од жртвите на британските медиуми, Хари поднесе тужба против сопствениците на британските таблоиди The Sun и Daily Mirror, и тоа поради наводно хакирање на мобилниот телефон.
Веста е потврдена и од Бакингемската палата, пишува „Би-би-си“. Тужбата на принцот Хари се однесува на наводно преслушување на гласовните пораки. Кралскиот дописник на „Би-би-си“ Џони Дајмонд тврди дека тужбата се однесува на случај од раните 2000. години.
Оваа тужба е поднесена само неколку дена откако Меган поднесе посебна тужба против таблоидот Daily Mail поради објавувањето на приватното писмо упатено до нејзиниот татко без нејзина дозвола, пренесуваат странските медиуми.
Фото: Guliver/Getty Images