За само неколку минути заработи 2 милиона долари, но и лоши вести: Ким Кардашијан неутешна
Проблеми во рајот
Ким Кардашијан (38) вчера ја пушти во продажба својата колекција стегачи за жени со разни облини СКИМС, и за само неколку минути заработи 2 милиони долари. Имено, нејзиниот сајт се блокирал од посетите, пренесуваат американските медиуми. Цената на моделите се движи до 100 долари.
Сепак, ѕвездата на реалното шоу Keeping Up With The Kardashians во последно време не се чувствува добро поради болката во зглобовите.
Ме болат зглобовите, но на поинаков начин од порано. Како да ме боли длабоко во коските“, откри Ким во новата епизода на реалното шоу.
Затоа била принудена да ги направи потребните лекарски анализи, а што пристигнале резултатите, нејзиниот лекар Даниел Валас и’ се јавил на телефон за да и’ ги соопшти.
Твоите антитела се позитивни на лупус и на ревматиден артритис“, и’ открил тој, додавајќи дека симптомите што ги има укажуваат на овие две автоимуни заболувања. Инаку, познато е дека Ким веќе има едно автоимуно заболување псоријаза. Штом го слушнала ова, почнала да плаче.
И покрај објаснувањето на лекарот дека се неопходни дополнителни анализи за да бидат 100% сигурни во дијагнозата, Ким била неутешна.
Ваквите нешта ви се вовлекуваат во главата и почнувате да размислувате за најлошите можни сценарија“, плачејќи повторуваше популарната американска старлета.