На Боба му се слошило, интервенирала и итна помош: Лепа Брена почнала да се гуши од страв за сопругот

Од играчка - плачка!

Во семејната куќа на Лепа Брена и Боба Живојиновиќ една сосема обична ситуација за малку ќе завршела трагично – на бившиот тенисер му се слошило, па морала да интервенира и итна помош

Лепа Брена и Боба Живојиновиќ се познати како весели домаќини, а прославите во нивниот дом долго време остануваат запаметени и се прераскажуваат! Така беше и овој пат… Имено, бившиот тениски ас пиел два дена без престан што кулминирало со тоа да му се слоши и малку недостигало да заврши во болница!

Боба не штеди за јадење и за пиење. Неодамна организира прослава во својот дом и во кујната приготвуваше разни специјалитети, по кои е добро познат. А таму каде што добро се јаде – и добро се пие! Познато е дека е добар домаќин и дека од неговата куќа никој не заминал гладен и жеден, па Боба ги форсираше другарите да јадат и да пијат. И самиот пиеше, отвораше едно по друго шише виски“, открива изворот за „Курир Старс“, и додава:

Во еден миг само се струполи на двоседот бидејќи му се слоши. Штом притрчаа присутните, изговори дека е добро и дека не му е ништо. Сепак, не можеше да стане. Повикаа итна помош, која пристигна за 10 минути. Го прегледаа и констатираа дека е во лоша состојба поради алкохолот, но немаше потреба да го однесат во болница. Брена се исплаши толку многу што почна да се гуши“, додава изворот.

Како што дознаваме, Боба идниот ден бил многу подобро, но цело време лежел во креветот. Брена наводно му била лута.

На неа не ѝ беше сеедно. Не ѝ се допаѓаат собирите на кои се пие, а на кои присуствуваат и нивните деца Стефан и Виктор, како и Филип, Александра и нивните пријатели. Често доаѓаат и Ацо Пејовиќ, Милош Теодосиќ и преостанатата екипа со која се дружат“, заклучува изворот.

Извор: Стори.рс

Фото: АТА Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.