Батаците можете да ги приготвите еден ден порано, па да ги оставите да се маринираат прекуноќ
Состојки:
- 8 помали пилешки батаци
- 1/2 лажиче сол
- прстофат црн пипер
- 1 лажиче оригано
- 1 лажиче пипер
- 1 лажиче лук во прав
- 300 мл павлака за готвење
- 150 мл кечап
- 800 г компири
- масло за пржење
За панирање:
- 250 г брашно
- 1/2 лажиче сол
- 1 лажиче пипер
- 1 лажиче лук во прав
Приготвување:
1. Се отстранува кожичката од батаците, а потоа се ставаат во сад.
2. Се посолуваат и се попрауваат, се посипуваат со пипер, оригано или лук во прав, па се прелеваат со павлака за готвење. Добро се мешаат батаците со маринадата и се оставаат во фрижидер да мируваат најмалку шест часа.
3. Посебно се приготвува смесата за панирање. Се меша брашното со пиперот, лукот во прав и малку сол.
4. Батаците се цедат од маринадата, а потоа се валаат во смесата од брашно. Се спуштаат на врело масло и се пржат од двете страни, додека поруменат.
5. Компирите се лупат и се сечат на стапчиња, па кратко се бланшираат во зовриена солена вода. Потоа се цедат и се оставаат да се оладат, па се пржат на врело масло.
6. Пржените батаци се послужуваат со пржените компирчиња и кечап.
Во најновиот број на магазинот „Добра храна“ ќе најдете уште вакви вкусни предлози за ручек.