Шарлиз Терон прозборе за тешкото детство: Татко ѝ бил алкохоличар, а нејзината мајка го убила

Си ја отвори душата

Актерката Шарлиз Терон ја отвори душата и проговори за трауматичното  детство.

Како што веќе е познатo,  нејзиниот татко бил зависник од алкохол, кој неговата мајка го убила во самоодбрана кога Шарлиз имала 16 години.

Страшно е секој ден да се будите како дете на зависник, не знаејќи што ќе се случи тој ден и апсолутно да бидете свесен на фактите дека тоа не зависи од вас туку од количината на алкохол која некој ќе испие“,  вели Терон притоа потенцирајќи зошто во минатото одбегнувала да зборува на оваа тема.

Кој сака да зборува за такво нешто? Не знаете како ќе реагира некој кога ќе им кажете дека татко ви бил алкохоличар кој вашата мајка го убила“ , вели холивудската актерка.

Шарлиз истакна дека нејзината мајка која е ослободена од сите обвинувања е нејзин идол и најхрабра жена на светот.

Фото: Getty Images

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.