Време е за подарок: „Орифлеим“ подарува сет за 1 наша читателка

Овие и многу други подароци можете да добиете следејќи нè на социјалните мрежи

Почнува августовската „У&З-лавина од подароци“. Stay tuned!

Драги наши, во инбоксот на нашата фејсбук-страница добивме неколку пораки од нашите нови читателки за тоа како можат да се пријават за подароците што ги објавуваме во нашиот магазин.

Иако во секоја објава на порталот наведуваме што е потребно да направите за да станете потенцијална добитничка на некој од подароците, не е вишок доколку го појасниме начинот за пријавување.

Имено, по излегувањето на новиот број на списанието „Убавина и здравје“, во кое на станицата ПОДАРОЦИ се објавени подароците за нашите читателки, почнуваме со објавување на секој од нив на нашиот портал. Истата објава ја споделуваме на нашата ФБ-страница @ubavinaizdravje.mk, каде што се пријавувате – треба да нè лајкнете, да нè споделите на вашиот фејсбук-профил, доколку сакате, оставете ни и ваш коментар (вашите коментари ни значат многу) и со тоа станувате потенцијален добитник на подароците од тековната „У&З-лавина од подароци“.

Добитникот се избира по случаен избор на редакцијата. Сите добитници на подароците ги објавуваме во следниот број на списанието „Убавина и здравје“, во рубриката ТРЕНД. Би сакале да истакнеме дека ние не вршиме достава на подароците, може да се подигнат лично или од страна на некој ваш близок во нашата редакција.

Од денес почнува августовската „У&З-лавина на подароци“, која ја отвораме со подарокот на козметичката куќа „Орифлеим“, која во овој број подарува сет од Big Lash Mascara OnColour и Swedish SPA Salt Crystals Body Scrub.

Оставете впечаток на густи трепки со маскарата за волумен на OnColour. Уникатната Big Lash четка со хоризонтални и вертикални влакненца е создадена лесно да ги достигне и најмалите трепки и да им даде погуст изглед на трепките. Со провитамин Б5, кој е познат по своите својства за хидратација и регенерирање, оваа маскара е исто така создадена да спречи размачкување и ронење.

Следете нè! Забавувајте се со нас! Читајте нè! Ние сме тука за вашата убавина и здравје!

Фото: ПР

 

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.