Зорица Брунцлик јавно го предизвика сопругот, па ги насмеа сите во студиото: „Ајде кажи дека ме имаш изневерено“!

Без влакна на јазикот...

Фото: Принтскрин

Пејачката Зорица Брунцлик и хармоникашот Мирољуб Аранџеловиќ Кемиш се скоро четири децении во среќен брак, а нивната љубов и поврзаност се толку големи, што ретко може да се видат еден без друг во јавност.

Се поддржуваат и бодрат, а за последните години велат дека биле најсреќните во нивните животи, но почетокот не бил толку идеален.

Зорица и Кемиш гостувале во емисијата на Огнен Амиџиќ и во таа прилика прозбореле за изневерувањата и сексот.

„Ајде кажи она што ми го кажа мене, дека си ме изневерил? – рекла Зорица.

„Зависи како гледаш на тоа“ – рекол Кемиш.

„Кој е луд да ти признае сега тука“ – му рекла Зорица на Огнен.

„Дали сте пробале секс во авион и во сено?“ – гласело следното прашање.

„Ма каде во авион, ние сме дебели, ќе се заглавиме таму“ – рекла Зорица, а потоа двајцта биле согласни дека на сено многу боде и со тоа ги насмеаа сите во студиото.

Прочитајте и
Оставете одговор

Вашата мејл-адреса нема да биде прикажана.

Ви благодариме за коментарот!

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.