Ева Јовановска стана дел од тимот на најгледаното шоу „Голден Карпет“

Евче се враќа пред камерите...

Најгледаната забавна шоу-бизнис емисија на нашите простори Голден Карпет секогаш се труди да донесе новитети и свежина во етерот. Од 1-ви февруари тимот на Г Карпет ќе се збогати со уште едно ново лице кое и претходно сте го виделе на ТВ екраните, поранешната водителка на естрадниот магазин Бекстејџ, ПР менаџер, балерина, инфлуенсерка и модел, младата шармантна тетовка Ева Јовановска.

Евче после кратката пауза повторно се враќа пред камерите, а каков впечаток ќе остави на гледачите останува да видиме.

Голден Карпет е карактеристичен по интересните содржини, одлични гости познати на Балканот и пошироко, и добри водители кои секогаш ви сервираат убава енергија, забава и ексклузива. Затоа се очекува многу од овој тим, не пропуштајте секоја недела во 19:30 часот на Канал 5.

Прочитајте и

Коментарите се заклучени.